Француските ученици годинава нема да полагаат матурски испит поради пандемијата на корона вирус, што е првпат од воведувањето на таква проверка на знаењето.
Францускиот министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер, најави дека се откажува Бакалореа, односно завршниот матурски испит..
Учениците од последна година во средно училиште ќе можат да добијат диплома заснована на оценки од пред и евентуално по затворањето на училиштата поради корона вирусот.
Околу 740.000 ученици во Франција требаше да полагаат матура оваа година.
Бланкер рече дека училиштата нема да бидат отворени пред мај, а може да биде подоцна.
Матурскиот испит во францускиот училишен систем беше воведен во 1808 година и е неопходен за прием на универзитети.