Жртвите на насилство молчат поради стигматизација, страв и срам од средината. Девојка стуткана во ќоше, еден снима на мобилниот, а другиот ја удира со клоци и боскови по стомакот, грбот и главата, потоа улогите си ги менуваат. Рацете и се ставени во одбрана на лицето и главата од налетот на тупаниците и клоците и моли да престаната да ја удараат. Оваа снимка во којашто се виде брутално насилство од млади момчиња врз беспомошно девојче на возраст од 21 година ја потресе македонската јавност.
Втор викенд со забрана за движење од 16 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Куманово со целосна забрана за движење. Во работните денови, од понеделник до петок, во Куманово забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.