НОВИ 72 нови случаја на корона вирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за инфективни болести, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Починатото лице е маж од Лабуништа, Стушко на возраст од 63 години донесен на Клиниката со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот.
*
„СООЧЕНИ со корона кризата која со себе донесе сериозни предизвици, пред се здравствени, но и економски последици, за кои свесни сме дека ќе остават значителни штети во економијата Владата подготви пакет економски мерки со цел ублажување на последиците“, изјави на денешната прес конференција Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.
*
НА подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, а кои со својата активност ги покрива дебарското одделението за внатрешни работи, безбедносната состојба е стабилна, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
*
ГРУПА музичари од регионот, Европа и Америка преку фејсбук профилот на магионичарот и вокалист, Гого Реквием денеска од 19:30 часот ќе одржат мини концерт насловен „Од пријател до пријател“.
*
ОПШТИНСКИОТ крзиен штаб на Куманово на денешната седница побара да се увиди бројот на заболени во болницата и да се утврди капацитетот на установата во оваа состојба, од Министерството за надворешни бараат список на лица од Куманово кои ќе се вратат во државата, од владиниот кризен штаб бараат да назначат лице од МТСП кое ќе се вклучи во работата на општинскиот штаб.
*
ЗДРУЖЕНИЕТО на преведувачи и толкувачи на Република Македонија бара од Владата и тие да бидат опфатени со мерката за поддршка со бруто износ од минималната плата во државта, мерка со која се опфатени сите вработени во приватниот сектор или да се поддржат со бруто износ од 50 отсто од просечната плата на работникот во месеците април и мај.
*
ВО сетот мерки што Владата го донесе за справување со економските последици од кризата, според проценките ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места, мерки покрај за компаниите има и за занаетчиите. Согласно владините мерки, занаетчиите ќе имаат можност да добијат финансиска поддршка до 14.500 денари месечно за месеците април и мај.