ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Адеми: Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата

April 5, 2020 10:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата. Интернет ќе има за сите ученици, а со помош на донатори ќе се помага и на оние ученици кои немаат ИТ уреди, вели министерот за образование, Арбер Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Министерот појаснува дека донесените уредби на Владата предвидуваат дека далечинското учење или учењето од дома преку средствата за електронска комуникација се организира и треба да се обезбеди двонасочна комуникација и разменување податоци.

„Тоа значи образовниот процес да се организира на начин без физичко присуство на засегнатите страни во овој процес. И конкретно мислиме на видео-конференциските платформи, на електронската пошта и секое друго средство за електронска комуникација“, вели министерот.

Оценува дека се работи за системско решение, ама за моделот и опциите преку кои средства за електронска комуникација ќе се организира наставата вели дека е најцелисходно самите училишта да се определат, бидејќи пред донесување на уредбите препорачано е до сите образовани институции да организираат онлајн настава.

„Нели имаше отпор, апели, критики, дека нема законска подлога, законски основ, затоа ги донесовме уредбите и сега онлајн наставата е формален образовен процес, а не неформален. И имајќи предвид дека постојат повеќе платформи, самите училишта нека се определат преку која платформа ќе работат, но ова е системско решение. Дали ќе користат Мајкрософт тимс или Гугл класрум, Фугл драф, Едмундо или некоја друга платформа или можеби тие развиле своја платформа, тоа е нивно решение“, вели Адеми и додава дека има механизам да се контролираат училишата доколку не го прават тоа.

Министерот истакнува дека е орпеделба да се обезбеди интернет за сите деца и затоа е пратен допис до сите училишта да информираат кои деца немаат пристап до интернет.

„Можеби имало недоразбирање, барале податоци за доделување, распределување на ИТ уреди, но најбитно е сега интернет да има секој, секој да има пристап, затоа ние веќе со колегата за информатичко општество Дамјан Манчевски ќе доделуваме ваучери за пристап до интернет бесплатно за сите деца кои потекнуваат од семејства кои немаат никакви приходи. ИТ уред, може генерално да кажам, дека најголем дел од децата или родителите на децата имаат, бидејќи ако се сеќавате во нормални околности кога сме биле имаше апели, барања до нас да се забрани употребата на смарт телефони за време на часовите, така што најголем број на граѓаните и на учениците или родителите на учениците имаат ИТ уред. Но, најискрено може да кажам дека и со една скромна цена, вредност, може да се обезбеди ИТ уред на пазарот или најмалку употребуван паметен телефон. Така што не гледаме дека имаме проблем, иако веќе сме во комуникација со потенцијални донатори од бизнис заедницата кои сакаат да помогнат во овој дел и на најзагрозените семејства кои се под социјален ризик без никакви примања“, вели министерот за образование во интервју за Радио Слободна Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk