Според последните податоци на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија без работа останале 2.500 лица, односно 0,25% од вкупниот број на вработените истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ Фатмир Битиќи, во емисијата Детектор на Сител телевизија.
Оваа бројка е незначителна и е карактеристична за нормални услови за работа, а не за време на криза, нагласи Битиќи.