ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров на ФБ: Не фрлајте со „дрва и камења“, досега вративме над 2200 наши државјани, правиме сѐ што можеме

April 5, 2020 23:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја разбирам нервозата и траумата на македонските државјани кои со часови, во некои случаи и со денови, мора да чекаат за да ги поминат транзитните и конечно домашните протоколи за да се вратат во татковината.

Но, ве уверувам дека правиме се’ што е во наша моќ да се справиме со сите проблеми, кои не се ни мали, ни лесни ниту за земји со многу поголеми ресурси од нашата. Ова е светска криза со огромни предизвици за целото човештво.

Сакам да апелирам да не се фрлаат “дрва и камења”.
Не заради мене, јас сум политичар кој одбрал да им служи на граѓаните и подготвен сум да трпам и основана и неоснована критика, но неблагодарно е воопшто да не се цени деноноќниот ангажман на професионалци во кризниот штаб во МНР и во слабо екипираните амбасади и конзулати, благодарение на кои во координација со ДКП-та досега вративме над 2200 наши државјани.

Многумина од нив покажуваат голема благодарност за ангажманот на државата за организацијата на нивното безбедно враќање, што ни создава уште поголема обврска да продолжиме посветено да се бориме со предизвиците. Еве една исповед, од нашиот тим, од другата страна на “паричката”:

● “Во предвечерието и ноќта, 3 кон 4 април, кризниот штаб на МНР доби сигнал од нашите колеги во САД дека американската авиокомпанија Делта ерлајнс не сака да изврши чекирање на наши државјани, па дури и дека две наши девојки беа извадени од летот, со образложение дека по транзитот во Амстердам, Софија, како крајна дестинација, не дозволува транзит на наши државјани.
Тукушто успешно, тимот и колегите во Австралија, Катар и Грција, го имавме завршено ангажманот за да овозможиме прием на наши граѓани во летовите на Катар Ервејс и нивно непречено транзитирање преку Доха и Франкфурт, до Атина и Солун, па до нашиот граничен премин Богородица. Реномираната катарска авиокомпанија едноставно не дозволуваше чекирање на наши државјани, што најчесто, како и во други аеродроми, ги оставаше нашите сонародници на улица и со финансиска штета.
Алармирани беа колегите во Вашингтон, Чикаго, Њујорк, Детроит, но и Амстердам, Софија. Благодарение на можностите кои денес ги дават електронските коминикации, веднаш се пристапи кон истражување на причините за одбивање на Делта, како и изнаоѓање решенија. Знаејќи дека во најава имаме околу 14 наши државјани по аеродромите Атланта, Чикаго, Њујорк, Детроит и Лос Анџелес, мобилизирањето и интервенциите до институциите на САД, авиокомпанијата Делта и аеродромските служби, па и оние во Амстердам, беа интензивни и силни. Имајки предвид дека Бугарија ни овожможува транзит, како и Грција, комуникацијата се прошири и кон нашите бугарски колеги во САД, кои несебично возвратија со поддршка.
По повеќе часовната едногласна, координирана и интензивна активност на нашата дипломатска мрежа, без разлика на временската разлика и “ниедното” време, на 8 наши патници им беше овозможено да влезат во авионите на Делта и да патуваат, додека 6 сонародници мораа да чекаат, односно не успеавме таа вечер.
Но, упорноста во ангажманот и во текот на саботата, овозможи и другите 6, да бидат чекирани и да заминат кон земјата.
Денес продолживме со интервенциите, бидејќи не се’ е завршено, и сеуште има проблеми во обезбедувањето на непречено враќање на нашите државјани од оваа голема држава, со многу аеродроми, САД, во услови на крајно вонредни околности поради пандемијата.
За нас од МНР, ова е уште еден резултат, уште една мала добиена битка, во помагањето на нашите сонародници, затечени низ светот, да се вратат во татковината.”

Паричката секогаш има две страни. Малку повеќе чувство за реалноста и за својата држава ќе биде добро за сите нас. Чувајте се и бидете здрави!

ПС. Инаку, Бугарија и Грција излегуваат во пресрет за транзит на нашите државјани (може да се слета) меѓу другото, повторно благодарение на ДРЖАВАТА, за што им заблагодаривме тука https://twitter.com/dimitrov_ni…/status/1242419229242122240… и тука
https://twitter.com/dimitrov_ni…/status/1242108955234623491…

Се разбира, нашиот систем не е совршен, има и свои слабости. И да, свесни сме дека не сите гранични премини имаат соодветни просторни услови за делување во вонредна состојба, за прв пат воведена во нашата земја. Немаме ни доволно полициска придружба потребна за луѓето кои дошле да бидат веднаш упатени во некои од хотелите организирани во државен карантин. Но, во рамки на постоечките ресурси, на сите нивоа, постои силна волја и посветеност во борбата со пандемијата со опасниот вирус “Ковид-19”. Тоа ми дава за право да верувам дека од оваа криза ќе излеземе и посилни и поупорни и позрели.

Фејсбук пост на министерот Никола Димитров

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Нов робот-помошник за домашни работи

May 12, 2025

НАСА: Мисија на Марс в година

May 12, 2025

„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk