ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државните карантини на Балканот – во соседството во мигрантски центри и шатори, во Македонија во хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување и враќање на свои државјани од странство и нивна грижа во државните граници.

April 5, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување и враќање на свои државјани од странство и нивна грижа во државните граници.

Постапката речиси во сите држави е иста, откако лицето доаѓа од друга држава мора да помине задолжителен период во карантин и самоизолација кој трае од 14 до 28 денови. 

Соочени со временски теснец, вонредни околоности но и зголемен број на лица кои мора да бидат во карантин, многу држави се снаоѓаат така што овие лица ги сместуваат во веќе постоечки неискористени капацитети или поради масовноста, се одлучуваат за адаптирање на спортски објекти или едноставно подигнуваат шатори. 

Во соседна Србија најголемата спортска сала Белградска арена е претворена во масовно карантинско одделение, а слично е и со спортските сали во Ниш, Нови Сад и сите поголеми градови. Дел од повратниците во Србија биле сместени во мигрантскиот центар во Суботица кој беше наменет за мигрантите од големата мигрантска криза. Какви се условите во тој центар можете да видите во видеото подолу.

Слични се условите и во Грција и таму повратниците се сместуваат во дотраени, стари и неискористени објекти, а каква е нивната состојба покажуваат сликите во прилог.

карантин во Грција
карантин во Грција

Во Босна и Херцеговина во пограничните места веќе одамна функционираат шатори во кои луѓето го отседнуваат нивниот карантински период. 

Карантин во Босна и Херцеговина

Како е во нашата држава?

Лицата кои во Македонија се преземаат од други држави доаѓаат преку хуманитарни летови, а по претходно пријавување и согласност дека ќе ги подмират трошоците за авионски превоз и ќе отседнат во државен карантин 14 денови. 

Со цел да се згрижат повеќе граѓани во соодветни услови, Владата донесе Уредба со која преку јавен повик ангажираше приватни хотели и сместувачки капацитети за престој на лицата во државен карантин. 

Карантин во Македонија – хотелска соба

Ова ја чини државата по 10 евра дневно од човек додека трае карантинот, а додека се изолирани, граѓаните на располагање имаат апартмани и соби, три оброци и редовни здравствени прегледи. 

Сликите кои се објавуваат на социјалните мрежи доловуваат дека карантинот се одвива во етаблирани хотелски капацитети со високо ниво на хигиена и професионалност на вработените. 

За разлика од соседството, може да се каже дека македонските граѓани ги минуваат деновите во државен карантин со три оброци и како што може да се види во многу подобри услови отколку граѓаните на Грција, Србија, БИХ и другите земји од соседството. 

Оброци за лицата во карантин во Македонија

Сепак дури и ваквата организација наидува на отпор кон одредени лица, кои или не сакаат да постапуваат по задолженијата или пак дел од нив мислат дека наместо во карантин се наоѓаат на 14 дневен одмор, па често бараат и многу повеќе од она што им следува и од она што го плаќа државата, односно даночните обврзници. 

Како и да е, нашата држава може да се пофали со далеку подобра организација во менаџирање на секојдневните проблеми со кризата со пандемија, отколку државите од нашето опкружување, што секако само по себе е за почит.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk