Во последното деноноќие има дијагностицирани 15 нови случаи, со што бројот на заразени од корона вирус изнесува 570. Исто така, во последните 24 часа починаа уште двајца пациенти, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Едниот пациент е на возраст од 40 години. Двајцата пациенти се од Тетово, едниот на 69-годишна возраст, другиот имал 65 години. На домашно лекување заминуваат 4 пациенти, а 10 се со тешка клиничка слика“, изјави Филипче.
До утрово на Инфективната клиника се примени 10 нови пациенти, со што бројот на хоспитализирани е 70 лица. Осуммина од нив се на респиратор.
Во ГОБ „8 Септември“ вчера се примени 4 пациенти за кои се чека резултат од тестовите, а двајца се на респиратор.
„Во болницата во Битола има само еден хоспитализиран пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои беа сместени во Охрид и се од околината на Струга, додека во штипската болница има 4 пациенти, од кои тројца се со лесна клиничка слика“, рече Филипче.
Пред него говореше премиерот Спасовски кој ги изнесе новите владини мерки, односно забарана за движење на граѓаните во работните денови кој ќе важи од 16 часот до 5 наутро, а за време на викендите нема да биде дозволено никакво движење. Овие мерки стапуваат во среда од 18 часот, целта на овие мерки е заштита на јавното здравје и заштита на секој поединец.