Осум пратеници во украинскиот Парламент се заразени со корона вирус, изјави пратеникот Александар Качура.
Двајца од нив се излекувани.
Претходно, Врховната Рада го смени начинот на работа поради епидемијата. Пленарните седници беа откажани, но Парламентот неколку пати се состана на вонредни сесии за време на карантинскиот период, кој Украина го воведе на 17 март. Комисиите работат преку видео конференции.
Во Украина се регистрирани 1.319 случаи на заразени со новиот вирус Ковид-19.