ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Приемот во НАТО еден од трите најважни моменти во нашата понова историја

Пендаровски порача дека има посебно чувство на задоволство имајќи ги предвид неговото претходни работни обврски изминатите околу 20 години поврзани со НАТО. Пред да биде претседател тој беше национален координатор за НАТО и советник за НАТО на двајца претседатели.

April 6, 2020 11:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашето зачленување во НАТО е еден од трите најважни моменти во поновата историја, од нашата независност до денес, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во претходно снимено видео обраќање емитувано денеска на онлајн дискусија на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“.

– НАТО е предуслов за развој. Ако имате гарантирани граници, безбедност и територијален интегритет, во секоја друга област можете да напредувате бидејќи ги имате сите други предуслови, порача Пендаровски.

Во обраќањето на дискусијата, организирана од Факултетот за безбедност од Скопје и Американскиот центар за образование по повод 4 Април – Денот на НАТО и македонското полноправно зачленување во Алијансата, Пендаровски посакувајќи следната година овие два настани „да ги прославиме сите заедно, лице в лице“.

Пендаровски порача дека има посебно чувство на задоволство имајќи ги предвид неговото претходни работни обврски изминатите околу 20 години поврзани со НАТО. Пред да биде претседател тој беше национален координатор за НАТО и советник за НАТО на двајца претседатели.

Зборувајќи за тоа како НАТО одговара на пандемијата со Ковид-19, шефот на државата потсети дека пред неколку дена првпат во историјата на Алиjансата се одржа видео безбедносна конференција и оти за овој месец е закажан вонреден состанок на министрите за одбрана на земјите членки, а главниот фокус ќе биде справувањето со коронавирусот и адаптирањето и заедничките напори на одредени држави.

НАТО прави се, како што рече шефот на државата, оваа здравствена криза да не прерасне во безбедносна и ги следи сите препораки на Светската здравстевна организација (СЗО).

– Според последните заклучоци на министерскиот совет, НАТО дава поддршка во три насоки на своите земји членки и тоа комплетна логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, за што се вклучени најголемите карго авиони Ц-17. Во делот на логистиката обезбедува медицински персонал од една во друга земја членка. НАТО учествува со своите иновативни технологии во 3Д принтањето. Од пред неколку дена преку 3Д принтери започна производство на заштитни медицински маски кои имаат посебен систем за вентилација за Италија, порача Пендаровски.

Тој потсети дека НАТО во изминатите години и пред да се случи пандемијата обучи над 500 наши лица вработени во институциите кои сега се на располагање и работат, посочувајќи дека ЦУК е една од институциите кои имаат директен бенефит.

Пендаровски зборуваше и за кампањите за дезинформирање на јавноста, нагласувајќи дека Северна Македонија добива исклучителна информатичка поддршка од НАТО во делот на, како што рече, пробивање на вистината до крајните корисници и со тоа ги побива лажните вести кои имаат за цел да ја поткопаат довербата на нашите граѓани во институциите и во системот.

– НАТО сега ни помага многу повеќе со размена на вистински информации, порача претседателот Пендаровски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Нов робот-помошник за домашни работи

May 12, 2025

НАСА: Мисија на Марс в година

May 12, 2025

„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk