ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Спасовски: Имаме уште мерки, ама граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали ги има!

Спасовски додаде дека е многу важно сите луѓе кои ќе почувствуваат било какви симптоми и кога ќе одат и комуницираат со лекар, да бидат многу искрени.

April 6, 2020 16:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали со денешното заострување на мерките кои владата ги донесе, а кои се однесуваат на заострениот полициски час за време на викендот и во текот на неделата, значи дека се исцрпени сите механизми кои владата ги има на располагање за кризата со коронавирусот во земјава? Со оглед на тоа што најголемиот број заразени, од 2.000 до 2.500 лица, се очекуваат за крајот на месец април, дали владата има уште мерки што граѓаните треба да ги очекуваат?

Ова прашање „Слободен печат“ му го упати на денешната прес конференција на премиерот Оливер Спасовски, кој потврди дека владата има разработено уште сценарија и дека може да се очекуваат уште мерки.

-Да, има разработени сценарија и може да очекуваме уште мерки, ама апелирам граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали има уште мерки! Колку поодговорни ќе бидеме во овој процес, толку мерките би биле полесни и толку пократко би траела целата ситуација на ширење на вирусот и толку помали би биле негативните ефекти врз економијата и врз државата. Секако, при носење на секоја од овие мерки во владата, истакнувавме дека зависно од тоа како ќе се однесуваат граѓаните колку ќе ги почитуваат мерките, колку ќе бидеме свесни за сериозноста на состојбата, толку повеќе и мерките ќе бидат зајакнати или ќе се намалуваат од првично донесените. Многу е важно таа одговорност да ја покажеме во момент кога треба да ја покажеме. Тоа значи, ако на некој граѓанин му е определено да биде во самоизолација, тогаш да седи во самоизолација и да знае дека со тоа си помага и на себе, и на семејството и на државата. Ако за некој граѓанин е определено ограничување во движењето, да го почитува тоа ограничување. Тоа е најголемиот патриотизам и најголемото херојство што може да ни се случува во овој период- истакна Спасовски.

Тој додаде дека е многу важно сите луѓе кои ќе почувствуваат било какви симптоми и кога ќе одат и комуницираат со лекар, да бидат многу искрени.

– Зашто, искреноста е половина од спречувањето на ширењето на вирусот! Ова го кажувам зашто имавме секакви манифестации во овој дел. Луѓе кои не се искрени, не ја почитуваат самоизолацијата, се однесуваат многу ноншалантно, дека јас не сум баш тој што мене ќе ме задеси да бидам носител на вирусот и на тој начин се предизвикуваа состојби кои имаат навистина несогледливи последици. Така да, апелираме дека секој сет на нови мерки што ги носи владата, треба да биде степен на подигање на јавната свест кај луѓето. Секој нов сет на мерки, треба да значи ново отрезнување за тоа што значи сериозноста кон пристапот кон спречувањето на ширењето на коронавирусот и на зголемување на одговорноста. Посакувам да не ги носиме најдрастичните и најтешките одлуки кои ќе имаат сериозно негативни ефекти врз државата и врз граѓаните. Да не бидеме приморани тоа да го правиме! Затоа е важно да останеме дома и заеднички да направиме се да имаме успешност во справувањето со ширењето на вирусот, oдговори Спасовски.

Next Post

Дијагностициран корона вирус кај 18 деца до 9 години

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk