ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Можни се нови рестриктивни мерки

Премиерот Оливер Спасовски смета дека здравствениот систем е подготвен да може да се справи со најавите за поголем број заболени од коронавирусот, но апелира дека за тоа му е потребна и поддршка од граѓаните кои треба да ги почитуваат сите препораки и рестриктивни мерки, а со тоа да спречат и помасовно ширење на вирусот. Тој не исклучува можност за воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, ако за тоа добијат препораки од Комисијата за заразни болести.

April 6, 2020 08:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски смета дека здравствениот систем е подготвен да може да се справи со најавите за поголем број заболени од коронавирусот, но апелира дека за тоа му е потребна и поддршка од граѓаните кои треба да ги почитуваат сите препораки и рестриктивни мерки, а со тоа да спречат и помасовно ширење на вирусот. Тој не исклучува можност за воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, ако за тоа добијат препораки од Комисијата за заразни болести.

– Ние сите ресурси ги насочивме кон здравствениот систем во овој период затоа што сметаме дека тој треба да остане стабилен во борбата против коронавирусот. Во овој период докажавме дека навистина функционира здравствениот систем. Се направија сите подготовки за да може да издржи тоа што се најавува и што ќе се случува, а се случува во сите земји. Како и ќе се движи кривата на инфектирање на луѓето ќе може да одговори здравствениот систем на државата. Но, колку повеќе луѓето се придржуваат кон правилата, се почитува социјалната дистанца и се намали движењето и секој од нас остане дома во наредниот период директно се помага и на здравствениот систем, рече Спасовски во разговор за Слободна.ТВ.

Тој додаде дека во целиот период на борба со коронавирусот здравствените работници се на прва борбена линија, дека даваат максимум со елан и енергија за да им се помогне на сите граѓани. – Очекувам сите заедно да ја добиеме таа битка, рече Спасовки.

Во однос на носењето на одлуките и рестриктивни мерки, тој потенцира дека Како Влада се раководат по  предлозите на стручни луѓе од здравството, по тоа што го предлагаат епидемиолозите и што мислат дека треба да се направи  и за здравствениот систем и за граѓаните.

– Очекувам денеска да разговараме во однос на доолнителни мерки кои би биле воспоставени како рестриктивни мерки, кои ќе помогнат во целата состојба и ако има препорака од комсијата тоа би го направиле можеби на денешна седница на Влада, рече премиерот Спасовски.

Тој истакна дека во моментот не сака да размислува за нападите од опозицијата, кои, како што рече, се фокусирани на освојување на политички поени. За нас, рече, во моментот приоритет е здравјето на граѓаните и фокусирани сме на тоа што треба да се напраи тоа да се заштити.

Next Post

9: Димитров со апел „не фрлајте дрва и камења“, Филипче советува да се одговара точно на прашањата на лекарите, потсетување на „Споменици или лекови?“, Борис Џонсон хоспитализиран заради Ковид-19

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk