ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Велигденските и Рамазанските празници ќе ги поминеме дома

Тој истакна дека фазата во која влегуваме е нова - радикална фаза и за здравствените работници и за економијата и за граѓаните. Премиерот порача дека само заедно можеме да ја намалиме силата на епидемијата и дека ние како земја го немаме поминато најлошото. Во следните 2-3 недели ќе го достигнеме пикот кој ќе биде околу 2000 или 2500 заразени. Заканата е страшна затоа и нашето делување мора да биде радикално, потенцира Спасовски.

April 6, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека во светот има +1.2 милиони заразени, а досега има повеќе од 70.000 починати од Ковид 19. Следејќи ги искуствата од другите земји, истакна Спасовски, најавивме дека ќе преземаме и соодветни мерки.

Тој истакна дека фазата во која влегуваме е нова – радикална фаза и за здравствените работници и за економијата и за граѓаните. Премиерот порача дека само заедно можеме да ја намалиме силата на епидемијата и дека ние како земја го немаме поминато најлошото. Во следните 2-3 недели ќе го достигнеме пикот кој ќе биде околу 2000 или 2500 заразени. Заканата е страшна затоа и нашето делување мора да биде радикално, потенцира Спасовски.

Премиерот ги соопшти новите мерки за забрана на движење на граѓаните:

„Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат во сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.“ соопшти Спасовски.

Целта е заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец потенцира Спасовски и порача Велигденските и Рамазанските празници ќе мораме да ги поминеме дома. Тој порача строго придржување на полицискиот час и истакна дека секое отстапување ќе биде казнето.

Премиерот Спасовки нагласи дека никој од нас нема право да разгрози туѓ живот, а тоа ќе го направиме само ако останеме дома. Ова битка може да ја добиеме само сите заедно. Секој од нас мора да биде одговорен и да ги почитува препораките, истакна Спасовски.

Спасовски рече дека државата има капацитети и дека активни се повеќе од 1000 болнички кревети, ако има потреба од тоа. Тој потенцира да не се созадаваат лажни вести и паника и подвлече дека институциите ваквите злоупотреби ќе ги санкционираат.

J. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk