ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат асистенција

Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници. Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање​.

April 7, 2020 14:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на КОВИД 19.

Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници. Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање​.

„Министерството за труд и социјална политика ги следи и одговара на потребите на ранливите групи  на граѓани. Заедно со УНДП направивме услуга која ќе излезе во пресрет на лицата со попреченост и старите лица. Ќе се започне со подршка на овие лица во 27 општини за олеснување на нивното секојдневно функционирање  што вклучува асистенција за реализација на итни администривни процедури, набавки и друг тип на поддршка согласно потребите на лицето“, велат од Министерството за труд и социјална политика

Почетно, оваа услуга ќе ја користат 1.540 лица, а доколку има потреба, бројот на корисници ќе расте. Лицата со попреченост и старите лица, доколку имаат потреба, може да добијат и поддршка во домот. МТСП постојано ги следи потребите на крајните корисници и ги креира мерките согласно нивните потреби.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан потенцираше дека во услови на ваква глобална пандемија, грижата за луѓето на кои им е најмногу потребна поддршка е од врвен приоритет.

„Ова е време кога треба да се покаже солидарност, поддршка, посветеност и грижа за сите, а посебно за оние граѓани кои не можат самостојно да се справат во овие деликатни услови на КОВИД 19. Затоа новата адаптирана услуга на локално ниво е најдобар доказ дека инклузивните заедници во пракса подразбираат зајакнување на лицата како даватели на услуги и крајните корисници. Оваа услуга е дел од пошироката поддршка која УНДП ја нуди во земјата, но и на глобално ниво, за справување со КОВИД 19“.

Швајцарија е долгогодишен партнер на државата во сите околности, и во добри времиња, но и во времиња полни со предизвици. Драго ни е што во овие посебни околности со коишто се соочуваме, проектите кои ги поддржуваме се флексибилни и се адаптираат соодветно да одговорат на кризата и на луѓето од ризичните категории – истакна Амбасадорката на Швајцарија во државата, Н.Е Сибил Зутер Техада.

Активноста се спроведува како продолжување на Програмата за општинско – корисна работа, како дел од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот, и реактивирање на претходно ангажираните невработени лица како даватели на услуги.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стопанската комора го поздравува почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од коронавирусот

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk