ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Стопанската комора го поздравува почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од коронавирусот

Во Комората, додаваат, постојано пристигнуваат прашања, но и укажувања од бројни компании за тешкотиите за работење и производство со оглед на тоа што влегуваме во нова фаза на многу порестриктивни мерки.

April 7, 2020 14:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Брзиот, навремен и квалитетен проток на информации е клучен за компаниите во кризнава ситуација и во тој котнекст го поздравуваме почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од коронавирусот, порачуваат од Стопанската комора на Македонија.

-Очекуваме неговото функционирање да го забрза протокот на важни информации од институциите до бизнис секторот, при што Стопанската комора на Македонија како и досега ќе продолжи да им помага на компаниите. Во целиот изминат период, од почетокот на кризата поради коронавирусот па наваму, Комората презеде екстензивни активности за да обезбеди квалитетен проток на информации и да ги информира компаниите за сите настанати промени во регулативата. Во Комората пристигнаа многу прашања, предлози и иницијативи на компаниите, кои Комората ги проследи до Владата и до надлежните институции и повратно ги информира компаниите за добиените одговори, посочуваат од Комората.

За добро и навремено информирање на компаниите, потенцираат, многу е важно да нема временско несовпаѓање помеѓу најавата на која било мерка и објавата на соодветниот документ, уредба, објава во „Службен весник на РСМ“ и слично, со што таа мерка детално се објаснува.

-Тие две работи треба да одат рака под рака, да се случуваат истовремено. Како што се најавува некоја мерка така во ист момент да се објави и документ што ќе ги даде сите детали за таа мерка. Тогаш, и примената на мерките ќе оди многу полесно, бидејќи ќе се елиминира потребата од неизвесно толкување на мерките што биле најавени, тие ќе можат полесно да се разберат, компаниите ќе можат брзо и ефикасно да носат важни одлуки во постојните тешки услови на работење, велат од Стопанската комора.

Во Комората, додаваат, постојано пристигнуваат прашања, но и укажувања од бројни компании за тешкотиите за работење и производство со оглед на тоа што влегуваме во нова фаза на многу порестриктивни мерки.

-Во такви околности и за таа цел, потребно е да се обезбеди соодветна консултација на Владата со бизнис заедницата во поглед на оперативните аспекти на примената на рестриктивните мерки. Целта е да се избегнат компликации и последици врз функционирањето на економијата и производствените процеси коишто и покрај исклучително тешките околности се уште се одвиваат, порачуваат од Комората.

За компаниите, нагласуваат, е многу важно во вакви услови да имаат поголема предвидливост, како во поглед на должината на периодот на најава на рестриктивните мерки, така и во поглед на нивното времетраење, заради што и мерките треба да се ставаат во една подолгорочна временска рамка.

-Само така компаниите ќе знаат што ги чека и ќе можат соодветно и навреме да се приспособат и да се организираат, велат од Стопанската комора на Македонија. 

Next Post

Во Кочани три нови случаи на заразени од КОВИД-19

Shortcut

Најново

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk