Повеќе од четири милијарди лица во околу 100 земји и територии од светот се наоѓаат во принуден или предложен карантин во борбата против ширењето на корона вирусот.
Бројката претставува повеќе од половината на светското население. Обединетите нации проценуваат дека во светот живеат 7,79 милијарди луѓе .
Кинеската провинција Хубеи и градот Вухан, од каде почна пандемијата, се првите подрачја во карантин воведен кон крајот на јануари. Овој регион почна постепено да ги олабавува мерките за забрана за движење, а за утре се најавува и укинувањето на карантинот во Вухан.
На 18 март во карантин беа повеќе од 500 милиони лица, на 23 март веќе имаше над милијарда, а следниот ден двојно повеќе, додека на 25 март бројката веќе изнесуваше три милијарди лица.
Денеска, на 7 април во карантин се наоѓаат 4,06 милијарди лица.