Пожарот кој изби пред два дена во близина на нуклеарната централа Чернобил, се прошири денеска на околу 35 хектари земјиште, соопшти украинското Министерство за вонредни ситуации.
Во гаснењето учествуваат два хеликоптера Ми-8 и еден авион Ан-32П, а врз огнот веќе се фрлени 72 тона вода.
Се наведува дека нивото на радијација во Киев и околината на овој град е во нормални граници.
Претходно полицијата соопшти дека е уапсен одговорниот за пожарот, а станува збор за 27-годишно момче кој палел отпад и сува трева.