ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Над 1.300.000 заразени со корона вирус до денес до 17 часот.

April 7, 2020 16:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.365.065 лицa заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 76.488, а оздравеле 293.879 луѓе.

Загреб – Во текот на изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 60 новозаразени од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.282. Според новите податоци од Националниот штаб за цивилна заштита, уште двајца пациенти починале. Вкупниот број смртни случаи од корона вирусот е 18. Меѓу пациентите, 51 процент се мажи, а 49 проценти се жени.

Приштина – Уште едно лице во Приштина почина од корона вирус, соопшти Клиничко-болничкиот центар во тој град. Станува збор за 65-годишен пациент од Урошевац, кој бил пренесен во Приштина во тешка состојба.

Букурешт – Во Романија досега се потврдени 4.417 случаи на заразени со корона вирус, од кои 360 во последните 24 часа. Има два нови смртни случаи, така што вкупниот број изнесува 184. Станува збор за мажи на возраст од 69 и 46 години.

Лондон – Состојбата на британскиот премиер Борис Џонсон, кој е на интензивна нега, во текот на ноќта беше стабилна, изјави денеска неговиот портпарол. Тој рече дека Џонсон добил стандардна терапија со кислород и не бил на респиратор.

Амстердам – Во Холандија за еден ден се регистрирани 777 новозаболени со вирусот Ковид-19 со што бројот на заразени достигна 19.580, соопшти холандскиот Институт за здравје. Во последните 24 часа од новиот корона вирус починале 234 лица, со што вкупниот број починати изнесува 2.101. Сепак, Институтот посочува дека некои починале во текот на викендот, а биле пријавени вчера.

Берлин – Германските лаборатории минатата недела обработија 332.414 тестови за корона вирус, што е за 5,9 проценти повеќе од една недела претходно, соопшти денеска Здружението на сертифицирани лаборатории во Германија – АЛМ.

Минхен – Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер денеска истакна дека населението мора да биде подготвено да се соочи со јавните ограничувања до јуни и потоа.
Тој рече дека Баварија има наклонетост кон планот на австриската Влада за намалување на рестриктивните мерки за борба против корона вирусот, но дека развојот во соседната земја е три недели пред Баварија.

Стокхолм – Во Шведска денеска се регистрирани 114 смртни случаи од новиот корона вирус, со што вкупниот број жртви на пандемијата во скандинавската земја достигна 591. Шведска користи помек пристап за да го спречи ширењето на болеста. Шведската агенција за јавно здравје соопшти дека регистрирала вкупно 7.693 потврдени случаи на Ковид-19 во земјата со околу 10 милиони луѓе, додавајќи дека некои од новопријавените смртни случаи биле поради ревидирани податоци од претходните денови. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Градоначалникот на Прилеп повика да се ангажираат редари во банките, а граѓаните да се држат на препорачаното растојание

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk