ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Од денес построги ограничувања за движење, StopKorona! – најавена апликација од Владата за справување со Ковид-19, Хималаите видливи од Индија заради намаленото загадување

Преглед на настаните во 9 часот.

April 8, 2020 08:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во СВЕТОТ досега се регистрирани 1,4 милиони лицa заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се околу 80 илјади, а оздравеле 300 илјади. Кај нас, со вчерашните 29 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 599. Починаа 27, а излекувани се 30 лица.

ЗАБРАНАТА за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

ВЛАДАТА донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

СЕ продолжуваат роковите за поднесување барање за остварување на правата што произлегуваат од Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, како и  роковите за поднесување барање за остварување на правата кои произлегуваат од областа на пензиското  и инвалидското осигурување.

НА својата седница, Владата го утврди текстот на договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.

ТУРЦИЈА ќе ѝ достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со корона вирусот.

StopKorona! – мобилна апликација за справување со корона вирусот. Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација меѓу Друштво за информатичка технологија „Некстсенс“ како давател, и Министерството за здравство како примател на донацијата.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев денеска добил известување дека е позитивен на корона вирус, откако заедно со сопругата направил две тестирања.
ВО Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.
ПОВЕЌЕ од четири милијарди лица во околу 100 земји и територии од светот се наоѓаат во принуден или предложен карантин во борбата против ширењето на корона вирусот.
ОСНОВАЧОТ и сопственик на Твитер, Џек Дорси, најави дека ќе донира една милијарда долари за да помогне во борбата против пандемијата од новиот корона вирус.
АМЕРИКАНСКИОТ државен секретар Мајк Помпео уште еднаш ѝ честита на Северна Македонија како 30 членка на НАТО.
НИМИЦ во својата детална анализа говори за историскиот контекст на спорот, процесот на преговарање, временското прашање, поставувањето нова рамка за решавање на прашање, како и за обидите да се разбие принципот на аверзија на загубеното и тој да се замени со она што може се добие ако се најде решение.
КАКО што се засилуваат мерките против корона вирусот во Индија и речиси 1.4 милијарди луѓе се во карантин или самоизолација, така прв пат по 30 години се гледаат Хималаите.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер и температури до 21 степен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почна протестот на Независниот синдикат на полицијата во Скопје

May 12, 2025

Зголемен бројот на странскт туристи, намален на домашните

May 12, 2025

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk