Еден пациент со Ковид-19 почина во текот на изминатото деноноќие, дознава Алсат.
Според информациите на Алсат, станува збор за лице од Куманово.
Инаку, тестирањето на евентуални нови случаи на заболени од корона вирус е во тек, а се чекаат резултатите од направените тестови во последниве 24 часа.
Според последните информации од министерството за здравство, во земјава досега има 599 вкупно заболени лица.