Во стан во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово, попладнево околу 16 часот избил пожар.
Првичните непотврдени информации се дека пожарот започнал во кујната на станот. Наводно, на шпорет било заборавено тенџере со масло.
Според непотврдени информации од терен, едно лице е повредено и е во болница.
Десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица со две возила интервенираат да го изгаснат пожарот