ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Славиме 27 години членство во Обединетите Нации

Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме.

April 8, 2020 08:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По успешниот референдум во 1991 со кој Република Македонија се оддели по мирен пат од сојузот Југославија, тогашниот Претседател Киро Глигоров, во честитката при прославата на независноста на плоштадот во Скопје ги зацрта идеалите и статегиите на младата република. Во своето обраќање, првиот Претседател на независна Македонија, пред насобраниот народ го започна стремежот за подобра иднина на државата, велејќи „следен чекор е влез во ЕУ и НАТО“. Денес, тие стремежи се поблиску од било кога.

„Денес, на 8 април се одбележуваат 27 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединети Нации (ООН). Во 1993 година, бевме примени во ООН под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Денес одбележуваме 27 години полноправно членство во ООН како Република Северна Македонија.

Членството во ООН помогна нашата држава да се етаблира на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, и како еднаков дел од меѓународното семејство на народи.

Во приемниот говор во ОН, Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме.

Претседателот Глигоров истакна дека со самостојноста и членството во ОН „се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130-годишна борба за слобода и независна држава“. Воедно, тој кажа и дека „за нас највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особено на правата на националностите и етничките групи што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите и на претставниците на други националности. Во тој дух ќе го јакнеме Балканот на добрососедство и на пријателство“.

Ова никогаш не било поточно од денес, кога сме обединети како едно, за да ги постигнеме заедничките успеси и да ги надминеме моменталните премрежја. Нашата посветеност на концептот „Едно општество за сите“ помогна да зајакне социјалната кохезија и да потврдиме дека сите сме еднакви и имаме исти шанси дома без разлика на пол, вера и етничка припадност.

Ги затворивме сите прашања со соседите. Немаме отворени прашања и единствена земја сме на Балканот што може да го каже тоа. Воедно, поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Ние активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка за да биде во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион.

Темелите на нашата надворешна политика се цврсти и непроменети, откако беа посочени од Претседателот Глигоров на 8 април 1993 при приемот во ООН, и се базираат на „Повелбата на Обединетите нации: јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, развивањето на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите“.

Како што кажа Претседателот Глигоров, во 1993 година, „Република Македонија сака и е подготвена да го даде својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста„.

Денес, кога сме 30-та земја членка на НАТО, рамноправно ќе го даваме нашиот придонес заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото за одржување на безбедноста и мирот во светот.

Воедно, Глигоров ја посочи и втората цел, „Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи“. Во март оваа година, ЕУ донесе позитивна одлука за Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата. На добар пат сме да ја оствариме и оваа стратешка цел од интерес за добробитта на сите наши граѓани.

Поминавме многу тешки моменти и премрежја во минативе 27 години. Со мудро лидерство и разумни политики, сплотени и посветени успеавме да ги надминеме сите пречки и премрежја. Сите успеси што сме ги постигнале откако станавме членка на ОН беа благодарение на нашата посветена работа, на заедничкиот труд и обединетоста на народот.

Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти. И ова ќе го помине. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме опасноста од коронавирусот да биде триумф на нашето знаење, на професионалноста на нашите институции и на солидарноста на нашиот народ.“ – стои во статусот на Владата на официјалниот Фејсбук профил.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk