ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Препораки за однесување на вработените во производните капацитети

Дел од препораките се и во случај на позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш да се изолира и испраќа дома и да се советува веднаш да го контактира својот матичен лекар.

April 8, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден и пол до два метра.

Како што соопшти владината прес-служба им се препорачува и на вработените да не ги менуваат работните места и во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).

– Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација). Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција, велат од владината прес-служба.

Дел од препораките се и во случај на позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш да се изолира и испраќа дома и да се советува веднаш да го контактира својот матичен лекар.

– Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на Ковид-19 (име и презиме,адреса, телефонски број) подготвува список на лица кои  согласно работното место се во близина (до него, пред и позади) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ, додаваат во соопштението.

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, велат од Владата, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена. По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите  и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, додаваат во соопштението, се продолжува со нормалниот производствен процес.

Од Владата посочуваат да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници, а во случај на потреба од административна работа потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици)

– Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од друг од еден ипол до два метри, се наведува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Музафер Бајрам: Во овие свечени мигови на најномадскиот народ во светот, мора да кажеме „BESHEN KHERE“, или „Останете дома!“

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk