ГЕРМАНСКАТА лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот корона вирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен.
ВО изминатото деноноќие полицискиот час не го почитувале 97 лица.
ГИ решаваме проблемите, комуникацијата наставник – ученик е најважна, истакнува министерот за образование и наука Арбер Адеми. На 33.000 деца кои имаат статус на ученици од социјално загрозени семејства одлучивме да им доделиме картички со 10 гигабајти интернет секој месец, бесплатно, изјави министерот.
ПОТРЕБНО е масовно зголемување на буџетската рамка на ЕУ до 2027 година, рече поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер за виенскиот весник Стандард.
МАКЕДОНСКО – австралиското 3-Block Studio изработи краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата Quarantine.
НА наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари.
ОД една од најдобрите серии во последните години, со оригинален наслов Peaky Blinders, кај нас преведена како „Жилетите од Бирмингем“ доби и своја пародија инспирирана од карантинот и самоизолацијата заради пандемијата од Ковид-19.
ЖАРИШТЕТО на пандемијата од корона вирус, градот Вухан во областа Хубеј во Кина, полека се врати во нормала и минатиот викенд со церемонија на „игра со светла“ беше прославено повторното отварање на градот.
ПРЕМИЕРОТ на Италија Џузепе Конте во интервју за Би-Би-Си рече дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од коронавирусот.
ПО обвинувањата на Трамп, претседателот на СЗО повика да не се политизира корона вирусот.