Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук пост се заблагодарува до сите кои што донирааат на наменската сметка на Министерството за здравство.
„Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции.
Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.“, напиша министерот Филипче.
Листа на донатори, донирани опрема и добра на овој ЛИНК.