Германската лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот корона вирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен.
Компанијата КјурВак соопшти дека најрано во јуни, најдоцна во јули, ќе ги тестира првите вакцини врз полнолетни и здрави лица кои не биле изложени на вирусот, потоа вакцината ќе биде инјектирана на веќе изложени лица, и конечно на највозрасните луѓе во населението, кои се и најризичната група.
-Целта е да се испита кој вид на антитела ќе бидат предизвикани од вакцината и да се разбере кој е имунолошкиот одговор кај луѓе што биле природно заразени, изјави Стефен.
Тестовите ќе се вршат врз две до три илјади лица во Белгија и Германија.
КјурВак информира дека има уште две до три потенцијални вакцини во случај оваа да не се покаже ефикасна.