Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, која како дезинформација се шири и на социјалните мрежи.
Вистината е дека Владата на својата 38-ма седница донесе одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година.
Средствата определени со оваа одлука се исклучиво за реализирање на студиските програми на овие три институции, и тоа согласно претходна одлука на Владата од 9-тата седница одржана на 16.02.2020 година, со цел да се обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година (https://vlada.mk/node/20260), а не за финансиска помош за МПЦ и ИВЗ како што пренесуваат медиумите.