Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на корона вирусот, може да предизвика „фатално враќање“ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
-Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сака да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвика фатално враќање на пандемијата, рече тој.
„Враќањето на пандемијата може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки“, додаде тој.
СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања, пренесе Индекс.
Потребно е да се контроира пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавноздравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување.
Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени други места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста.
-Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос.