Лекарите во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, кои секојдневно се борат со корона вирусот, одлучија болничките одделенија и салите да ги именуваат според куќите во волшеничкиот универзитет „Хогвортс“ од популарниот серијал книги и филмови со наслов „Хари Потер” на писателката Џоан К. Роулинг.
Така, салите за состаноци ги добија имињата Грифиндор, Слитерин, Хафлпаф и Равенкло.
Од болницата соопштија дека оваа идеја е одлична, како еден вид забава во времето на значајни прашања и одговори. Еден од шефовите на одделение, Алек Маслен истакна дека идејата потекнала од помладите колеги кои израснале со оваа современа британска класика.
И авторката Роулинг се огласи на Твитер, велејќи дека досега не била толку горда отколку во овој миг.