ВЛАДАТА ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор.
ЗАМЕНИК министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ одговораaт на најчесто поставуваните прашања во областа на социјалната заштита и правата од работен однос.
ФИНАНСИСКА поддршка од 176 милиони евра беше денеска одобрена за нашата држава од Меѓународниот монетарен фонд ММФ. Помошта е со каматна стапка од 1,05 проценти, со рок на отплата од пет години и грејс период од три години и три месеци – соопшти министерката Нина Ангеловска.
ГОЛЕМ број земји од Европа и светот најавија дека, заради препораките од СЗО и моменталните состојби со корона вирусот, ги продолжуваат или интензивираат рестриктивните мерки.
СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.710.172 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 103.506, а оздравеле 382.049 луѓе.
ВО источниот дел на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ситиа, во 13.22 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер.
УСЛОВИ за локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата се очекува од утре попладне.