РЕСТРИКТИВНИТЕ мерки што важеа овој викенд ќе ги има и наредниот, а за следните викенди ќе се разгледува дали ќе има промена во однос на ограничувањата. Можеби ќе престанат да важат на почетокот или на средината на мај, но е многу тешко да се знае. Правиме автентични модели за функционирање потоа“, рече министерот за здравство Венко Филипче на видеосесијата за корона вирусот.
ПОСЛЕДНИТЕ податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува. Од 75, што е вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус, регистрирани преку Центарот за јавно здравје – Прилеп, 73 се од општина Прилеп. Од нив работоспособни се 2 третини, а другите се повозрасни граѓани од 60 годишна возраст и деца, информираше денеска градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
ЕПИДЕМИОЛОГОТ од Инситутот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски на денешната видеосесија во Владата ја појасни клиничката слика на пациентите заболени со вирусот Ковид-19, појаснувајќи дека првите симптоми кај заразените со Ковид-19 се покачена температура, отежнато дишење и сува кашлица
ПAПАТА Франциск во велигденската порака своите мисли ги упати до сите оние кои се погодени од коронавирусот – болните, починатите и нивните семејства, повикувајќи го светот да го остави оружјето, да ги намали санкциите и да ги отпише долговите кон сиромашните земји за да се спротивстават на епидемијата, а ја предупреди и Европската Унија.
ПРЕМИЕРОТ на Велика Британија, Борис Џонсон е отпуштен од болница, една недела откако беше примен заради симптоми на Ковид-19. По совет на неговиот медицински тим, Џонсон нема веднаш да се врати на работа.