„Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е отпуштен од болница, една недела откако беше примен заради симптоми на Ковид-19“, изјави портпаролот на Даунинг Стрит.
Џонсон беше примен во болница минатата недела и беше пренесен на интензивна нега во понеделникот.
По совет на неговиот медицински тим, Џонсон нема веднаш да се врати на работа.
„Заложбите на милиони луѓе низ целата земја да останат дома, вреди. Заедно ќе го надминеме овој предизвик, бидејќи во минатото надминавме толку многу предизвици. #StayHomeSaveLives“, напиша Џонсон на Твитер.
It is hard to find the words to express my debt to the NHS for saving my life.
The efforts of millions of people across this country to stay home are worth it. Together we will overcome this challenge, as we have overcome so many challenges in the past. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/HK7Ch8BMB5
— Boris Johnson (@BorisJohnson) April 12, 2020