ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Папата Франциск велигденската порака ја посвети на сите погодени од корона вирусот

Папата повика и на прекин на сите војни, терористички напади и страдања ширум светот

April 12, 2020 16:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Папата Франциск во велигденската порака своите мисли ги упати до сите оние кои се погодени од коронавирусот – болните, починатите и нивните семејства, повикувајќи го светот да го остави оружјето, да ги намали санкциите и да ги отпише долговите кон сиромашните земји за да се спротивстават на епидемијата, а ја предупреди и Европската Унија.

Папата повика на ублажување на меѓународните санкции и намалување на долговите на земјите во развој, за да им се помогне на сите земји да се справат со ефектите од пандемијата на Ковид-19.

„Меѓународните санкции да се ублажат бидејќи им отежнуваат на земјите на кои им се наметнати соодветно да им помогнат на своите граѓани. Сите нации треба да бидат во можност да ги задоволат своите моментално најголеми потреби со тоа што ќе им го намалат, а можеби и простат долгот што ги оптоварува“, рече папата Франциск.

Тој се осврна и на „епохалниот предизвик“ со кој се соочува Европската унија, повикувајќи ја „да не ја изгуби можноста да продолжи да покажува солидарност, свртувајќи се кон иновативни решенија“.

Папата повика на прекин на сите војни, терористички напади и страдања ширум светот.

Папата Франциск ги повика луѓето за време на велигденската миса во празната црква „Свети Петар“ да „не се препуштат на стравот“ и да се фокусираат на „пораките на надеж“.

На мисата што обично се одвива во полна црква со околу 10.000 луѓе, имаше само околу дваесет, вклучувајќи неколку помошници и хор помал од вообичаениот. Во црквите ширум светот вечерните служби се одржуваа во празни цркви и се пренесуваа преку телевизија или интернет.

Next Post

18: Прилеп во втора фаза на пандемијата, можни дополнителни органичувања од следниот викенд, Борис Џонсон отпуштен од болница...

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk