Откако јавноста беше информирана дека лидерите на двете најголеми партии во земјава се тестирале за Ковид-19 по интевјуто со уредникот на Канал 5 кој е позитивен на вирусот, прво пристигнаа негативните резултати на Мицкоски, а потоа министерот за здравство на редовна прес конференција меѓудругото информираше дека и тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е негативен.
Бранко Тричковски на својот Фејсбук профил сподели комичен статус за негативноста на Мицкоски која не е ограничена само за Ковид-19, како што тој пишува.
„Негативен тип
Мицковски бил негативен на корона.
Да, но, тој е негативен на се.
Тестирајте го на здрав разум и ќе видите дека е негативен.
На рок- што да правиме муабет.
На филм- ептен негативен.
На убава книга- пукаат сите тестови во лабораторијата.
На фини емоции- три минуси нула!
Општо земемо, тој е негативен тип.
Мислам дека е негативен и на вмро.
Можеби само тестот на пари би покажал поинаков резултат.“
Познавајќи го начинот на комуницирање и функционирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нивната желба да бидат секогаш најдобри, дури и во најлошото, инспирираше да се појави визуелен приказ на тоа како би изгледало соопштение од Белата палата во врска со негативниот тест за Ковид-19 на Мицкоски.
Рашела Мизрахи, пак, се огласи со одговор на комичната содржина со статус на Фејсбук.
„Не знам дали КОВИД-19 ,,тестот на Мицкоски е понегативен од оној на Заев”, но знам дека на изборниот тест Заев ќе биде многу негативен!“ – напиша Мизрахи на Фејсбук.
А. Н. С.