Од денеска, САД се држава со најголем број починати лица од коронавирусот – 20.580.
Италија сега е на второто место со 19.468, по што следат Шпанија со 16.480 и Франција со 13.832 жртви.
Во САД, најголем број дневни жртви се регистрирани во изминатите четири дена, околу 2.000 на ден, со најголем број во градот и државата Њујорк.
САД се рангирани на прво место и по број на заразени, во моментов 533.115.
Следуваат Шпанија со 163.027, Италија со 152.271 и Франција со 129.654 потврдени случаи.