НА прес-конференција на министрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и за здравство Венко Филипче беше презентирана апликацијата StopKorona!
ВКУПНАТА бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја до сега изнесува 854 лица, од кои 44 се опоравени, а активни случаи кои се третираат има 774.
ПОЧИНА велешанецот кој беше меѓу првите заразени со корона вирус, а е од кластерот на заразени од шумското стопанство.
ЦРВЕНИОТ крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот.
ШТИПСКАТА Клиничка болница набави нова заштитна опрема за вработените. Директорот, Ален Ѓеорѓијев вели дека тендерската постапка е завршена, со што е обезбедена заштитна опрема за наредниот период за вработените во болницата.
На БРОЈОТ 02/324-8040, за справување со кризата предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со Мирослав Томан, амбасадорот на Чешката Република во нашата држава и се заблагодари за помошта од милион заштитни маски од Чешка.
СРПСКОТО МНР, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, денеска го уапсија М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест, соопштија од МВР.
ВЕЛИГДЕНСКИОТ соло-концерт на италијанскиот тенор Андреја Бочели во празната Миланска катедрала Дуомо, што се пренесуваше во живо на Јутјуб, досега го гледале повеќе од 25 милиони луѓе.
ГОЛЕМИОТ споменик Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечен“ во лекарска облека. Градот на тој начин им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против корона вирусот.
НАЦИОНАЛНАТА комисија за УНЕСКО информира за објавениот повик од УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.
ПАНДЕМИЈАТА на корона вирусот ја загрозува основната грижа за најсиромашните деца в светот кои живеат во земјите во развој и кризните жаришта, предупреди денеска УНИЦЕФ.
МЕЃУ заразените со корона вирус во Италија има околу 2000 деца и малолетници, од кои околу 60 се хоспитализирани. Меѓу заразените има и 44 новороденчиња.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина го сподели своето мислење за продолжување на сезоната во Серија А. Земјата е еден од епицентрите на пандемијата на корона вирус.
РАКОВОДСТВОТО на НБА лигата подготвува план за продолжување на сезоната, кој ќе биде ставен во сила кога ќе стивна епидемијата на корона вирус, објави ЕСПН.