МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои од денеска ќе влезат на граничните премини во земјава, а доаѓаат од земји со висок ризик од кронавирус, наместо 14 дена ќе треба да проестојуваат во карантин најмалку 21 ден.
СЕ јави на Твитер Илија Димовски, драги мои, ги брани прилепчани од Армијата, ја штити Илија демократијата и се повикува на Уставот. – коментира Јане Ѓорѓиоски
АРМИЈАТА денеска во Прилеп беше и ќе биде ангажирана пред банките и маркетите со цел да се искористи нејзиниот авторитет да се одржи физичка дистанца меѓу граѓаните, а се со цел да се заштитат од коронавирусот и неговото ширење во градот.
НЕМАВМЕ проблем со комуналниот отпад и нема да имаме. Состојбата е за еден ден. Се појави еден ден криза и ќе ја надминеме. Од утре состојбата ќе се воведе во нормала и ќе станат минато сликите кои денеска беа споделувани на социјалните мрежи со преполни контејнери.
ИТАЛИЈАНСКА компанија објави дека очекуваат вакцината за Ковид -19 да биде готова веќе во септември, а први бесплатно би ја добиле здравствените работници и безбедносните сили.
ЏАБИР Дерала разговара за Шарената револуција со Јане Ѓорѓиоски, активист и блогер. На маицата од Јане пишува: Never Give Up!
МИНИСТЕРСТВОТО за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.
СПОРЕД најновите податоци до 18 часот, во светот досега се регистрирани 1,903 623 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 118.374, а оздравеле 439,072 лица.
КОМИСИЈАТА за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник.
СВЕТСКА здравствена организација денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.
КАМПАЊАТА за реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп собраа повеќе од 212 милиони американски долари во првите три месеци од годината, јави Си-Ен-Ен.