СИН го убил својот татко вчера вечерта во близина на Клиничкиот центар. Полициски извори велат дека меѓусебната расправија кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си. 55 годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар, но веројатно поради обилното крварење не успеал да стигне до докторите.
НОВИ 68 и вкупно 828 потврдени случаи со корона вирус во земјава. Министерот Филипче е задоволен од резултатите од применетите мерки и стратегии.
ВРАБОТЕНА во Клиниката за онкологија е заразена со корона вирусот, потврди директорот на клиниката, Нино Васев за ТВ 24.
ДОМАШНАТА, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст, кој според Светската банка и финансиските експерти годинава во државава ќе се намали за околу четири проценти.
ИНСПЕКТОРОТ вработен во МВР, кој се вклучил во живо на „Фејсбук“ и се снимал како шета по улица за време на полицискиот час, по завршување на работните задачи, е син на поглаварот на Исламската верска ваедница, Сулејман Реџепи
ОДДЕЛОТ за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврдил дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.
ГРАФИЧКИОТ дизајнер Небојша Гелевски – Бане, попознат како Бане Кома, викендов, 61-часовниот полициски час го искористи за инспиративна уметничка инсталација.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од три до седум степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.