ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Црвениот крст ги проширува активностите со дополнителни мобилни тимови и телефонски броеви

Услуги даваат 37 мобилни тимови кои ce задолжени за логистичка поддршка на ранливи целни групи од населението на територијата на целата земја.

April 13, 2020 11:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку активирање на дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и обезбедување на неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје, Црвениот крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот.

Поддршка за активностите на Црвениот крст даде и претседателот на државата Стево Пендаровски кој ја посети организацијата и се сретна со членовите на  мобилни тимови, упатувајќи им благодарност за нивната работа.

Услуги даваат 37 мобилни тимови кои ce задолжени за логистичка поддршка на ранливи целни групи од населението на територијата на целата земја. Сите мобилни тимови се активни секој работен ден, а нивната задача е да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на целата територија на земјата, за тие да немааат потреба да ги напуштаат своите домови, со што ќе се спречи ширењето на корона вирусот. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните ги плаќаат само артиклите или лековите што им се набавуваат.

За да се овозможи поголема ефикасност и оперативност на мобилните тимови, обезбедени се и дополнителни две возила кои им се дадени на располагање за нивните потреби.

Телефонските броеви на кои граѓаните можат да побараат асистенција од мобилните тимови, а временскиот распоред на нивното функционирање е објавен на интернет страницата на Црвениот крст – ckrm.org.mk

Ангажирани се и три медицински сестри кои ќе вршат домашна посета на територија на град Скопје. Нивната задача ќе биде да извршуваат посети на стари и немоќни лица во домашни услови, со цел примарна грижа за нивното здравје, помош во земање на дневна терапија со препишани медикаменти од матичниот лекар, проверка на крвен притисок и шеќер во крвта, како и психосоцијална поддршка.

Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, од листата на приоритетни потреби за здравствените установи набавени се неопходни материјали за потребите на Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти, соопштија од Црвениот крст.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk