Син го убил својот татко вчера вечерв во близина на Клиничкиот центар. Полициски извори велат дека меѓусебната расправија кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си. 55 годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар но веројатно поради обилното крварење не успеал да стигне до докторите, пренесе Сител.
Неофицијално и таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а според истите, неофицијални информации тие подолг период имале меѓусебни расправии кои често ескалирале со насилство.
Извори од МВР велат се преземаат мерки за утврдување на мотивите и дека Д.А. (24) е веќе уапсен од страна на полициски служеници.
Извор: Сител