Меѓу заразените со корона вирус во Италија има околу 2000 деца и малолетници, од кои околу 60 се хоспитализирани. Меѓу заразените има и 44 новороденчиња.
Претседателот на италијанското здружение за педијатрија Алберто Вилани, на редовната прес-конференција на Цивилната заштита, соопшти дека и во време на епидемија на корона вирус, неопходно е децата да се вакцинираат согласно календарот за имунизација.
– Секој процес на вакцинација може и мора да продолжи. Па дури и уште позасилено во овој период. Сите оние кои треба да се вакцинираат на есен, да се подготват и тоа и да го направат. Никогаш, како оваа година, нема да биде толку важно да се вакцинираат децата, потенцира педијатарот Вилани.