ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, со оглед на состојбите до денес. Сепак, одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.
МИОДРАГ Мишолиќ на ФБ: Не жалам за грдиот травертин во чаршија, но сакам да го сменат по темелна јавна расправа.
НЕГАТИВНИ се резултатите за корона вирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат.
ЕКОНОМСКИТЕ мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ за побрзо и полесно надминување на економските последици од корона вирусот, се добро оценети и од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА клиника за неврологија информира дека е отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.
ФРОНТ: Сашо Ордановски: Доаѓаат и подобри времиња.
КИНА одобри почетна фаза на тестирање на луѓе за две експериментални вакцини против новиот корона вирус од кој во светот починаа повеќе од 100.000, објави денеска новинската агенција Ксинхуа.
ПОЗНАТИОТ зоолог Џејн Гудал, пријателка на принцот Хари и Меган Маркл, во една прилика неодамна изјави дека принцот Хари се откажал од лов, оти на сопругата не ѝ се допаѓа тој „спорт“, пренесува „Гардијан“.
АМЕРИКАНСКАТА корпорација Епл планира наесен да претстави четири нови паметни телефони со 5G технологија и да го осовремени дизајнот на моделите Про.
СЕВЕРНА Кореја истрела повеќе противбродски крстосувачки ракети со краток дострел кон Источното Море, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на началникот на Здружениот Генералштаб на армијата во Сеул.
ВО првиот епицентар на пандемијата – Вухан, тестовите се ефтини, брзи и лесно достапни.
ИЗВРШНИОТ одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итна финансиска помош за 25 земји членки од средствата за контрола и ублажување на последиците на катастрофи (CCRT) за да им помогне да се фокусираат на борбата против пандемијата на корона вирусот.