ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Успешни мерките во Дебар и Центар Жупа – 10 дена без нови заболени, подготовки за третирање на Ковид-19 со крвна плазма кај нас, ЕДУИНО и за претшколска возраст, во светот скоро 2 милиони инфицирани со корона вирус

Утрински преглед на настаните.

April 14, 2020 08:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПОСЛЕ 10 дена без ниту еден новозаболен од корона вирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.

По ПРИМЕРОТ на повеќе земји, се очекува и во државава да почне лекувањето на заразените со корона вирусот со крвна плазма од излекувани пациенти.

ДЕЛОТ за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција. Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена ЕДУИНО.

СПОРЕД Ана Ѓоргиоска, педијатар, раководител на детското одделение при прилепската болница, препораките што им се даваат на возрасните не отстапуваат и исти се и за децата. Да се редуцираат гледањето телевизија и вклучувањето на компјутерот. Да се биде со децата.

ВО Општина Чешиново Облешево еден вработен е тестиран и е негативен на Ковид-19, а се очекуваат разултати и од останатите вработени кои имале контакт со градоначалникот на општината Горанчо Крстев, кој повеќе од 12 дена е во самоизолација поради тоа што е позитивен на корона вирусот.

ИЗРАЕЛСКИОТ премиерот Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа најави 36-часовен полициски час, со цел да ги спречи Израелците да одат на шопинг и на свечени вечери во текот на последните два дена од празникот Пасха.

Во СВЕТОТ со новиот корона вирус се заразени 1.920.985 лица, а 119.686 луѓе починале, според универзитетот Џонс Хопкинс, додека според Worldometer заразени се 1.925.571 луѓе, а починале 119.718.

НА само пет километри од напуштената нуклеарна централа во Чернобил се приближи шумскиот пожар што со денови пустоши во евакуираната област во северна Украина.

ФРАНЦУСКИОТ претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите.

ЗЛАТАН Ибрахимовиќ демонстрира дека не е загрижен за пандемијата од корона вирус. Шведската sвезда е во својата татковина и денес по втор пат учествува на тренинзите на Хамарби.

ВРЕМЕТО денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk