Мислам дека концепциски и Владата и стопанството се на иста линија во овој момент дека се потребни сериозни интервенции на државата сериозни одрекнувања на стопанството и на граѓаните да ние се справиме со оваа криза која дојде неочекувано и ќе потрае веројатно, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, во денешносто гостување на Топ тема на Телевизија телма.
„Тоа значи дека секој од свој аспект треба да е свесен дека ќе претрпи штета, дека државата ќе треба да го покрие тоа во првиот момент а после да најде начин како ќе ги поврати тие средства“, рече Азески.
Добар потег беше што Владата формира, односно претседателот на техничката Влада, Eкономски совет, смета Азески.
„Тоа е тело каде што се разменуваат мислења меѓу значајни луѓе од областа на науката и реалниот сектор и од Владата за мерки коишто можат да бидат примените. Бидејќи јас сум член на тој економски Совет гледав дека има различни мерки коишто нормално од актуелната ситуација не можат да излезат на површина и се договоривме во стопанската комора една екипа која што е врзана околу кризниот штаб да ги третира тековните прашања и помош на компаниите а една екипа околу мене да ги отвори стратешките прашања кои долги години седат, сега е момент да се расчистат“, рече Азески.