Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа најаи 36-часовен полициски час, со цел да ги спречи Израелците да одат на шопинг и на свечени вечери во текот на последните два дена од празникот Пасха.
За време на полицискиот час од денеска во 17 часот до 5 часот во четврток, „задолжително е да се остане во рамките на своите градови и заедници“, им рече тој на граѓаните во телевизиско обраќање.
– Предупредувам против опуштање, рече Нетанјаху, повикувајќи ги Израелците да продолжат сериозно да ги сфаќаат забраните на Министерството за здравство, кои имаат за цел да го запрат ширењето на корона вирусот.
Во Израел досега се заразени 11.586, а починале 116 луѓе.