Европската комисија дозволи, почнувајќи од 26 април, компании од ЕУ да извезуваат заштитна медицинска опрема (маски) во Северна Македонија и Западен Балкан, без да бараат дозвола.
Инаку пред неколу дена, на иницијатива министерот за надворешни, Никола Димитров, шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан испратија писмо до комесарот за трговија Хоган, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Борел.
Со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции, односно специјални извозни дозволи, соопшти Министерството за надворешни работи.
„Потребна е солидарност и заемна соработка. Со оглед на тоа што секаде први на фронтот со се здравствените работници, сите заедно мора да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа ние, партнерите од регионот, се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија, во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек, да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за успешно да се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик, пишуваше во соопштението на МНР.