Проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“ е финансиран од Светска банка со грант во износ од околу 600 илјади евра. Со проектот, меѓу другото, се предвидува поставување на камен со ист материјал како и претходниот, на површина од 1.800 квадратни метри, за кој постои дозвола од сите надлежни институции, изјави градоначалникот Ганиу.
„Камењата травертин што сега се вадат, не се продаваат како што некој сака тоа да го прикаже. Тие се собираат и складираат и во следниот период ќе ги класифицираме и ќе ги употребиме на улица Самарџиска во чаршијата“ – изјави Ганиу на денешната прес конференција.
камера: Атанас Петровски