Бројот на заразени со корона вирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати, покажуваат најновите податоци на универзитетот Џонс Хопкинс и порталот Worldometer.
Во светот со новиот корона вирус се заразени 1.920.985 лица, а 119.686 луѓе починале, според универзитетот Џонс Хопкинс, додека според Worldometer заразени се 1.925.571 луѓе, а починале 119.718.
Од болеста се излекувани 452,178 луѓе.
Од моментално заразените, 96 проценти имаат лесна клиничка слика, додека четири проценти или 51.157 се во сериозна или критична состојба.
Во САД моментално има најголем број заразени луѓе – 587.155 и вкупно 23.644 починати лица.
Според најновите бројки, 170.099 луѓе се заразени во Шпанија, 17.756 починале, 159.516 се заразени во Италија, 20.465 починале, додека во Франција се потврдени 136.779 случаи и речиси 15.000 починати.
Зад нив се Германија со 130.072 заразени и 3.194 смртни случаи, па Велика Британија со 88.621 потврдени заразени лица и 11.329 смртни случаи.
Кина пријави 89 нови случаи, што значи дека се потврдени вкупно 82.224 заразени, додека 3.341 починале.