Ковид-19: Можно продолжување на вонредната состојба до 16 мај. Одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба. Шефот на државата Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, со оглед на состојбите до вчера. Сепак одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.
Западен Балкан се иззема од ЕУ рестрикциите за извоз на маски од 26 април. На барање на властите од шесте земји од регионот, Европската Комисија ја ревидираше одлуката забраните да не важат повеќе за западниот Балкан.
https://www.facebook.com/denis1971/videos/10216674727488261/
(ВИДЕО) Добро утро со Денис: Сите мои слики. „Направете си ја оваа среда убава. Ќе ви текне нешто, сигурно и не мора да сте профи пејач како мене ќеифот направете си го, за ваша душа е, тоа е најбитно.
Вашето расположение ќе разубави некому ден.
Гуш и бац – Денис Јанкулоски
Цел хонорар за невработините хонорарци кои се ангажирани од државната власт, 50 % за вработените.
Од национализам до пандемија, четири години по Шарената револуција. Национализмот е штетна општествена појава, алатка секогаш достапна на владејачките структури и моќните елити во борбата да освојат што поголема народна поддршка за нивните идеи и политики. Национализмот го разорува општественото јадро, како и секој обид за креирање на здраво општество, зашто оние општества коишто се подложни на националистичка доминација и националистички владин дискурс, тие ја охрабруваат или во најмала мера одобруваат етничката дискриминација, нетрпеливост, предрасудите на етничка основа и на тој начин овозможуваат маргинализација на малцинските етнички структури, неможност за нивна општествена интеграција и така генерираат структурно базирана етничка омраза, пишува Климентина Ѓорѓиоска во својата колумна.
НАТО на солзите не им верува. Ако памтите, пред отприлика еден месец, и претседателот Пендаровски на прес-конференција кажа дека во Македонија, покрај вирусната, има и „епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението“, појаснувајќи дека „нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести“ – „не се работи за незнаење, туку за организирано и планско делување, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“, заклучи во таа прилика македонскиот претседател. Прочитајте ја најновата колумна на Сашо Орданоски.