„Тоа што е затворено во Македонија во моментов, што има полициски час, е единствено нешто што може да функционира моментално за да се намали пренесувањето на вирусот. Навистина, луѓето умираат за 10 минути. Тоа е премногу“, вели д-р Иво Бошковски од Италија, во интервју за 360 степени.
„Имате ситуации кај што буквално до пред секунда пациентот е добар, го гледате, за секунда се дестабилизира, и тоа за еден доктор е навистина нешто незамисливо, да бидеш беспомошен. Не можете ништо да направите за тој пациент, а знаеш – има 40 години, има деца, треба да му го спасите животот, а сте немоќни. Оставате буквално една цела фамилија на улица. Што значи, подобро е да имате затворени улици, отколку затворени семејства. Тоа што го прави Владата во Македонија мислам дека е единствено нешто што може да функционира, оти немаме вакцина, немаме соодветни лекарства, коишто сигурно би биле ефикасни. Тоа е мојата порака. Вирусот не гледа ни националност, ни политичка определеност. Во моментов треба да сфатите дека станува збор за воена економија, за вонредна состојба и единствено нешто што секој поединец може да го направи, од каква било религија, од каква било национална припадност, симпатизер на која било политичка партија, е да ги слуша препораките и да биде совесен граѓанин и да придонесе“, вели Бошкоски.
Целото интервју тука.